недела, 20 октомври 2024

Сузбиена нарко-банда која продавала дрога во Штип, Кочани, Виница и Берово, меѓу уапсените полициски службеник (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Во текот на криминалистичкото истражување во април и мај 2023 година веќе биле обезбедени докази и биле запленети марихуана и амфетамин за што кривично се процесуирани две лица во Скопје и едно во Виница, кои издржуваат мерка притвор.

д

Инаку, вчера со судска наредба биле извршени претреси на осум локации на наведените подрачја. Кај лицето Б.И.(38) од с.Грдовци биле пронајдени околу 10 килограми марихуана, амфетамин, дигитална вага, повеќе мобилни телефони и патничко возило кое го користеле за препродавањето на дрогата. Кај лицето Н.Ј.(49) од с.Чифлик била пронајдена марихуана. Кај К.М.(37) од Кочани била пронајдена марихуана и мобилни телефони. Претреси биле извршени и кај лицата К.К.(44) од с.Чифлик, Г.А.(43) од Виница, Х.М.(22) од с.Банско и С.П.(35), кај кого биле пронајдени марихуана, кокаин и дигитална вага.
д

Исто така, во координација со Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, бил извршен претрес и во домот на полицискиот службеник А.К.(38) од Берово и биле одземени три мобилни телефони и два компјутери. Лицата се лишени од слобода и во координација со јавен обвинител против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави“, велат од МВР.

Меѓу приведените е и син на поратенеш пратеник, дознава МКД.мк.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ