недела, 20 октомври 2024
Реакција

Судскиот совет го прашува Лога како може министер да изнесува информации од доверлив карактер

Објавено на

часот

Сподели

„Во членот 33 е јасно пропишана постапката  во кои случаи е предвидено изземање на член на Судскиот совет,  додека во членот 61, како и во  неколку други последователни членови е разработената  постапката за утврдување  на одговорност на судија или претседател на Суд. Министерот, како и  јавноста, би требало да знаат дека постапката за утврдување на одговорност е итна, од доверлив карактер, тајна и без присуство на јавноста, со цел да се  заштити угледот  и достоинството на судијата или претседателот на судот“, се наведува во појаснувањето до Судскиот совет.

Од Судскиот совет велат дека изненадува како е можно министерот јавно да изнесува информации за тоа против кого е поднесено барање, а уште помалку кој членува во Комисијата на известители, па дури и да бара изземање, кога заради тајноста на постапката, не му се доставуваат материјали  на министерот, поради законската неможност  истиот да  учествува во постапувањето.

„Министерот Лога е должен да го почитува Законот за судски совет, да се однесува професионално и како што му доликува на  функцијата, а во согласност со одредбите од  Кодексот за етичко однесување за членовите на Влада и носителите на јавни функции именувани од  страна на Владата“, реагираат од Судскиот совет.

Сакаме, посочуваат од Судскиот совет, да обрнеме внимание дека не е прв пат, министерот јавно да изнесува податоци, но и да објавува  неправосилни судски одлуки. Судовите имаат обврска да  ги објавуваат  своите одлуки, но анимизирано и со согласност со  одредбите  од Законот  за движење на предметите во судовите.    

„И покрај неколкуте пречекорувања на  надлежностите на министерот и неговите тврдења дека е во „отворена војна со Судскиот совет“, членовите  цело ова време покажуваат добра волја за соработка  и редовно го покануваат и повикуваат да присуствува на седници, за да може отворено да се разговара  за сите прашања  и проблеми поврзани со функционирањето на судството. Министерот Лога досега  свесно  ги игнорираше ваквите барања, а со последното барање, изнесе многу невистини, но и свесно ја  нарушува работата на  Советот“, се вели во соопштението од Судски совет. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ