недела, 20 октомври 2024

Судски совет: Немаме намера да „војуваме“ со никого, а најмалку со министерот Лога

Ваквата реакција  на Судскиот совет, доаѓа  по повод вчерашните  настапи на министерот Лога, особено по неговото синоќешното телевизиско интервју, во кое тој изјави дека е во „отворена војна“ со Судскиот совет, наведуваат Советот.

Објавено на

часот

Сподели

„Судскиот совет нема намера да ‘војува’ со никого, а најмалку со ресорниот министер за правда, Кренар Лога“, соопштија денеска од Советот.

Ваквата реакција на Судскиот совет, доаѓа по повод вчерашните јавни настапи на министерот Лога, особено по неговото синоќешното телевизиско интервју, во кое тој изјави дека е во „отворена војна“ со Судскиот совет, наведуваат советот.

Членовите на Судскиот совет потенцираат дека министерот, кој по функција е член на советот, секогаш е добродојден на седниците на ова тело, каде може отворено да се дискутира за сите отворени на прашања и проблеми во судството. 

„Впрочем, од страна на службите  на Судскиот совет редовно му се испраќаат материјали за  секоја седница“, велат оттаму.

Од советот нагласуваат дека ги прифаќаат сите добронамерни критики на своја сметка и на адреса на судството, но, како што наведуваат, не може да дозволи министерот за правда да излегува од своите надлежности и да кажува како треба и што да работи советот.

„Судскиот совет функционира во согласност со своите законски надлежности и секој обид за директно мешање  во  неговата работа,  ќе се толкува како „упад“ и притисок  на претставник на извршната  врз судската власт“, заклучуваат оттаму.

„Војната“ на министерот Лога со Судскиот совет датира од поодамна. По непријатните случувања во советот, тој побара оставки од членовите на советот. По ова неколку пати ги прозва за непостапување по различни прашања од надлежност на Судскиот совет, па најави дека со законски измени ќе им го скрати мандатот, а сега е во тек формирање на работна група која треба да направи реформа на ова највисоко тело од правосудтсвото.

Лога вчера го разреши судијата Лазар Нанев од функцијата претседател и член на Советот за координирање на информатичко-комуникациска технологија во правосудните органи. Тој соопшти дека до Судскиот совет доставил допис за отворање на постапката за утврдување на одговорност за работата на судијата Нанев како претседател на Основен суд Кавадарци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ