недела, 20 октомври 2024

Судијата Авдија, за кого беше поднесена претставка за наводен љубовен скандал е новиот претседател на Граѓанскиот суд

Бесник Авдија, судија во Основниот граѓански суд Скопје е избран за нов претседател на судот. Врз неговиот избор не влијаеше вчерашната анонимна претставка доставена до советот во која, тврди анонимниот испраќач, судијата Авдија е фатен во наводен љубовен скандал.

Објавено на

часот

Сподели

Според податоците и поднесените потребни документи, а презентирани од претседателот на комисијата на Судскиот совет, Ивица Николовски, судијата Бесник Авдија ги исполнува сите услови да биде предложен и избран за претседател на Основниот граѓански суд Скопје. Тој беше оценет со 172 поени и добил позитивна оцена. Ги положил и тестот за интегритет и психолошкиот тест, има 2 годишно судиско искуство, а знае да работи и со компјутер. Авдија беше единствен кандидат за претседател на Граѓанскиот суд.

На седницата на советот беше отворено и прашањето за анонимната претставка за судијата за настан кој се случил во 2019 година, а за кој се тврди дека судијата Авдија е фатен во неводен љубовен скандал. 

За судијата Антоанета Димовска, која како член на Судскиот совет дојде токму од Граѓанскиот суд Скопје претставката е тенденциозна затоа што доаѓа на еден ден пред изборот.

„Точно е дека имаше анонимна претставка до судот и јас сум запознаена со тој случај. Но од она што може да се види, од она јас што го гледам, нема некоја пречка, а и не е поведена постапка за подетално да се утврди дисциплинска повреда на судијата. Сметам дека претставката е тенденциозна и се случува на ден пред изборот за настан што се случил во 2019 година. Испраќачот можел да поднесе претставка и досега“, рече Димовска.

За Мери Радева снимката за наовден љубовен скандал не е причина судијата Авдија да не биде избран за претседател на Основниот граѓански суд.

„Тоа не е причина затоа што нема утврдени факти, не е расправано по претставката. Доколку некогаш се утврди нешто поинаку тогаш овој совет ќе расправа по тоа“, рече Радева. 

Лорета Георгиева кажа дека за неа е меродавно дека Авдија има менаџерски способности и дека сега тоа е најважно. 

„Ова не е ништо ново. Со години се случува да има претставки за кандидати само за да се осуети нивниот избор и да се урне нивниот кредибилитет. За мене нема пречка да го гласам овој единствен кандидат доколку нема кривична одговорност, пресуда или одлука со кои би биле доведени во прашање неговите лични и професионална квалитети“, рече Георгиева. 

Бесник Авдија има 12 годишно судиско искуство во Основниот граѓански суд Скопје во кој работи на имотни спорови и спорови од мала вредност. 

Вчера во јавноста се појави снимка за која се тврди дека на неа е снимен судијата Авдија фатен во наводен љубовен скандал. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ