петок, 18 октомври 2024
ПМФЛ

Струга со победа над Шкупи ја заврши историската сезона

Објавено на

часот

Сподели

Денешните натпревари немаа никакво резултатско значење, се беше познато претходно. Струга Трим Лум е нов шампион, Шкупи и Шкендија изборија место во Европа, Победа испаѓа, а Скопје ќе игра бараж за опстанок против Вардар кој ќе се обиде да се врати во елитата.

Во денешното дерби во Струга, Адетунџи донесе водство за Шкупи во првото полувреме, но домаќините со погодоци на Радески и Ибраими во вториот дел направија комплетен пресврт и победија со 2-1.

Со ист резултат завршија уште две средби, но во полза на гостите. Шкендија со 2-1 славеше кај Работнички, а Брегалница кај Скопје.

Најубедлив беше Тиквеш кој со 4-1 победи на гостувањето кај Победа, Академија Пандев и Силекс одиграа нерешено 2-2.

Слободна во ова коло беше екипата на Македонија Ѓорче Петров.

ВТОРА ЛИГА, 33. КОЛО (17 ЧАСОТ)

Академија Пандев – Силекс 2-2 (2-2)

Љамалари 3 аг. Трајков 6 – Јанкулов 12 аг., Ѓорѓиевски 20

Струга ТЛ – Шкупи 2-1 (0-1)

Радески 51, Ибраими 85 – Адетунџи 29

Работнички – Шкендија 1-2 (0-0)

Рушевиќ 52 – Дориев 51, Шаља 76

Скопје – Брегалница 1-2 (1-1)

Хајдари 28 – Ѓорѓиев 20, Ѓокиќ 85

Победа – Тиквеш 1-4 (1-0)

Ѓурковиќ 42 – Миловановиќ 51, 84, Вареловски 54, Ивановски 89

Слободна е Македонија ЃП

ТАБЕЛА: Струга ТЛ 68 бода (шампион), Шкупи 58 (вицепрвак, КЛ), Шкендија 57 (КЛ), Силекс 48, Брегалница 41, Тиквеш 40, Македонија ЃП 39, Работнички 37, А. Пандев 28, Скопје 22 (бараж), Победа 13 (Втора лига).
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ