вторник, 19 ноември 2024

Стојанов најавува дека во Македонија ќе има бугарски фудбалски клуб од третата лига

Објавено на

часот

Сподели

„Ќе има бугарска екипа во Северна Македонија. Од наредната сезона клубот ќе се вика Јунак. Фондацијата купи фудбалски тим во Северна Македонија. Во тек е регистрацијата на сопственоста, а од другата недела ќе имаме наш директор на клубот, а сегашниот директор ќе биде заменик. Засега сѐ уште не можам да кажам за кој клуб се работи, но е од третата лига исток, а седиштето на тимот е блиску до бугарската граница“, вели Стојанов.

Официјалните натпревари ќе почнат на 14 септември, а претходно ќе има и неколку контролни натпревари, од кои првиот ќе биде со ФК Дојран, најавува Стојанов.

Според него, целата зделка се состои во преземањето на тековните трошоци на клубот – илјада евра за учество во лигата, илјада евра за гостувањата и 13 до 15 илјади евра за тековните трошоци и платите на играчите.

Ова е прва бугарска екипа во Македонија по 80 години, истакнува тој.

Во февруари годинава Министерството за внатрешни работи на Македонија по инцидентите на македонско-бугарскиот граничен премин Деве Баир соопшти дека во координација со јавен обвинител ќе ги преземе сите неопходни мерки во врска со заканите и омаловажувањето упатени кон полицискиот службеник од страна на бугарскиот државјанин В. С.

Виктор Стојанов тогаш преку Фејсбук нудеше награда од 200 евра за оној што ќе ги открие името и презимето на еден од полицајците кои приведоа тројца бугарски државјани на граничниот премин Деве Баир. Оваа порака подоцна исчезна од неговиот профил.

На 4 мај на Виктор Стојанов му беше забранет влезот во Македонија. Македонските органи издале забрана за влез во државата затоа што претставува „опасност за националната безбедност“.

Стојанов се претставува како бугарски активист за правата на македонските Бугари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ