вторник, 19 ноември 2024
Реакција

Стоилковиќ: Курти е сериозен паликуќа

Објавено на

часот

Сподели

Постот на Стоилковиќ од неговиот фејсбук-профил го пренесуваме во целост:

„Секој има право на свој политички став, има право и да мрзи и да сака, но кога некој ги мрази, како што дотичниот ги мрази Србите, тоа може да се толерира или дури и да се поддржува, понекогаш молчешкум, понекогаш и бесрамно јавно, па и да се смета за нормално демократско право. Но еве денес гледам, кога истата темпирана политичка бомба, фален демократ, енверхоџист, удри по грбот на македонскиот народ и македонската држава се јавија полноглавците да ни, или да ви солат памет и глумат лажни патриоти. Ќе се препознаат, не се секирајте.

Летото е можеби најдобро време да нѐ потсети на човечкото ништавило, недостојно дури и на тешко припитомените ѕверки. Како и секогаш постојат инструирани потрчковци кои сега ќе го осудуваат Курти, ќе дрндаат „вуну драгоме за гуњу”, но нема да кажат ништо за оние кои Македонија ја претворија во политичка депонија, каде Аљбин Курти е главниот гостин.

Да не заборавиме Преспа форумот беше скоро, но тогаш истиот енверхоџист беше претставен како демократска надеж во регионот, иако човекот е сериозен паликуќа, каде и Македонија е дел од планот што го кројат. Но, ничија, па ни на овие несреќи, обични политички испрдоци, нема да гори до зори… Црно је пре свитања, зар не?“

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ