среда, 26 јуни 2024

Станчиу го постигна најубавиот гол досега на ЕП, Романија убедлива против Украина (ВИДЕО)

Романија ја совлада Украина со убедливи 3-0, Станчиу го постигна најубавиот гол досега на Европското првенство откако прекрасно погоди во аглот од далечина.

Објавено на

часот

Сподели

Романија направи голем чекор кон осминафинале откако попладнево со 3-0 ја сволада Украина во првиот натпревар од Групата Е.

„Сино-жолтите“ влегоа како благи фаворити, ја имаа инцијативната на отварањето од натпреварот, но по половина час игра, една грешка на Лунин создаде шанса за Романија, а Станчиу прекрасно погоди од врвот на шеснаесетникот, биеше неодбранливо во аголот за 1-0.

На стартот од вториот дел, Романија за кратко време успеа уште два пати да ја затресе мрежата на противникот и предвреме да го реши победникот.

Во 53. минута Марин прецизно биеше од далечина во долниот агол, Лунин не беше на висината на задачата и дозволи топката да му помине под раце за 2-0.

Четири минути подоцна, Романија брзо изведе еден корнер, Ман уфрли на пет метри каде Драгуш рутински реализираше за 3-0.

Украина се обиде до крајот да постигне барем почесен гол, но не успеја ниту во тоа, па во петок ќе се обиде да го поправи впечатокот против Словачка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ