сабота, 2 ноември 2024

Српското МВР го гаси пожарот кај Прохор Пчински, манастирот е безбеден, вели Стојанчиќ

Хеликоптери на МВР на Србија го гаснат пожарот што гори на планината Козјак над манастирот Прохор Пчински. Задутре, на 2 Август на одбележувањето на 121 година од Илинденското востание и 80 години од АСНОМ најавена е посета на манастирот од страна на македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова и српскиот претседател Александар Вучиќ.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

„Манастирскиот комплекс е безбеден од пожарот што веќе неколку дена беснее на планината Козјак, во чие подножје се наоѓа ова православно светилиште. Пожарот од манастирот е оддалечен околу 2 километри воздушна линија, а 15 километри територијално“, изјави за порталот Бујановачке, Бранимир Стојанчиќ од организацијата Предел со извонредни карактеристики на Пчињската долина (ПИО).

Стојанчиќ кажа дека пожарот од Македонија, каде што гори од неделата, во вторникот се проширил на територијата на Србија, поточно во општина Бујановац, но дека среќна околност е што пожарот гори на врвовите на Козјак, далеку од населбата и самиот манастир.

Тој додаде дека службата ПИО уште порано оспособила планински патишта што сега многу им ја олеснува работата на пожарникарите и спасувачите на терен.

„Во гаснењето на пожарот учествуваат десет наши луѓе. Денеска очекуваме хеликоптери, кои вчера ја надлетуваа областа. Голема штета е што гори квалитетна шума“, изјави Стојанчиќ.

Синоќа вицепремиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека денеска два хеликоптери на хеликоптерската единица на српското МВР ќе го гаснат пожарот што се прошири од Македонија во местото Козјак кај Бујановац, во близина на манастирот Прохор Пчински.

„Во гаснењето на пожарот на крајно непристапен терен во областа Козјак, ангажирани се 43 пожарникари-спасувачи со 14 возила од противпожарните единици на Врање, Белград, Ниш, Лесковац, Крушевац, Смедерево, Панчево, Јагодина и Крагуевац“, изјави српскиот министер Дачиќ.

Задутре, на 2 август на одбележувањето на 121 година од Илинденското востание и 80 години од АСНОМ најавена е посета на манастирот од страна на македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова и српскиот претседател Александар Вучиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ