петок, 29 ноември 2024

Србин стана тренер на Торонто репторс

Објавено на

часот

Сподели

Дарко Рајковиќ не е познат тренер. Интересно за него е што од многу мала возраст почнува да се занимава со тренерскиот занает. Уште на 16 години почнува да ги води јуниорските категории на Борац Чачак, тимот од неговиот роден град. На 19 години почнува да тренира деца во академијата на Црвена звезда. Во меѓувреме дипломирал тренерски студии на кошаркарската академија во Белград, по што има краток престој во Шпанија пред да замине за САД.

„Деновиве толку многу се смешкам, што веќе ме здоболе лицето. Ви благодрам многу, се чувствувам како шатка која на површината изгледа како се да е кул, но моите стопала долу само работат. Многу сум возбуден и нестрплив во очекување на новиот предизвик“, изјави Рајаковиќ на прес-конференцијата.

Тој во САД пристигнал на повик од Грег Попович кој го поставил за консултант во Сан Антонио. Во тој клуб работел од 2004 до 2011. Потоа му беше помошник на поранешниот српски селектор Саша Ѓорѓевиќ на клупата на репрезентацијата, а потоа две сезони бил главен тренер во силната развојна Џи лига во САД. Во сезоната 2014/2015 доаѓа да биде помошен тренер во Оклахома Сити Тандер а во 2019/2020 бил помошник во Феникс пред истата сезона да се пресели во Мемфис Гризлис исто како асистент.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ