недела, 13 октомври 2024

Србија ја победи Швајцарија, Шпанија подобра од Данска (ВИДЕО)

Србија со 2-0 славеше над Швајцарија и во третото коло од Лигата на нации ја забележа првата победа со која се врати во игра за првите две места кои водат во четвртфиналето.

Објавено на

часот

Сподели

Мечот се одигра пред одлична атмосфера на стадионот во Лесковац. Швајцарија на почетокот ја имаше доминацијата, но Србите беа тие кои се радуваа на гол.

Пред самиот крај на првиот дел, Елведи си постигна автогол за водство на Србија од 1-0.

Во 61. минута Александар Митровиќ постигна убав гол за предност на Србите од 2-0.

Десет минути подоцна Швајцарија доби пенал, но Рајковиќ го одбрани ударот на Емболо и го сочува водството.

Во истата група Шпанија ја победи Данска со 1-0, со гол на Зубименди во 79. минута.

По три одиграни кола Шпанија е прва со седум бода, Данска има шест, Србија четири, а Швајцарија е без бодови.

Во наредното коло Србија гостува кај Шпанија, а Швајцарија ја пречекува Данска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ