недела, 20 октомври 2024
ОЈО Битола донесе наредба за истражна постапка

Сопственик на фирма со помош на вработена жена избегнувал да плаќа данок

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти утрово Јавното обвинителство, осомничениот 62-годишен сопственик и управител на правно лице во Битола, со помош на осомничената 41-годишна вработена, избегнал лаќање на данок на добивка и противправно ја намалил обврската за ДДВ на правно лице.

„На крајот на 2019, според сметководствената евиденција, најмалку 11 физички лица имале доспеани, а неподмирени обврски кон правното лице. Тие ги исполниле своите обврски со исплата на готовина лично на рака на осомничениот, преку плаќање во готовина или преку компензација со опрема. Иако ги подмириле долговите, нивните обврски спрема правното лице фигурирале во сметководствената евиденција како отворени, односно не биле книжени, со што првоосомничениот за нив не пресметал, не пријавил и не платил данок на добивка по даночна стапка од 10%. Постои основано сомнение дека на овој начин го оштетил Буџетот на РСМ во вкупен износ од 7.210.321 денари“, се наведува во соопштението.

Во текот на 2019 година, додека била отворена претстечајна постапка и постоела забрана за отуѓување на имотот на правното лице, второосомничената, како што велат од Обвинителството, изготвила девет фактури за продажба со вкалкулиран износ на ДДВ,  кои  првоосомничениот ги потпишал, а со кои префрлал товарни, приклучни возила и работни машини од фирмата во претстечајна постапка кон друго правно лице во негова сопственост. Со фактурите тие извршиле пренос на сопственоста на возилата, а при тоа не извршиле плаќање на фактурите, со што овозможиле неосновано да се зголемат влезните побарувања за ДДВ во новото правно лице и незаконски да се намали неговата обврската за ДДВ во износ од 500.400 денари, оштетувајќи го Буџетот за оваа сума.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола поднел предлог за определување мерка куќен притвор за првоосомничениот, додека за второосомничената се определени мерки на претпазливост.

Кривичната пријава на Управата за финансиска полиција за работата на овие фирми, покрај двајцата осомничени, опфаќа уште три физички лица адвокат, привремен стечаен управник и нотар, како и едно правно лице. Тие се пријавени за кривични дела во кои кривичниот прогон се презема во скратена постапка – Фалсификување или уништување деловни книги, Намерно предизвикување стечај, Оштетување и повластување доверители, Злоупотреба на службена положба и овластување и Злоупотреба на постапката за стечај. Осомничени се дека сите заедно предизвикале вкупна штета на Буџетот од околу 19,5 милиони денари.

Основното јавно обвинителство Битола против нив презема дејствија во скратена постапка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ