Во Скопје магливо и тивко. Попладне ќе има делумно намалување на маглата. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 8 степени.
И утре времето ќе биде стабилно, по котлините магливо и постудено, а на повисоките места и на планините релативно топло.
Во среда во западните делови, а во четврток на повеќе места, ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, кој од петок ќе го промени правецот во северен.