недела, 16 февруари 2025

На денешен ден Црвената армија го ослободи Аушвиц

На денешен ден во 1945 години Црвената армија ја ослободила областа западно од полскиот град Краков. Таму се наоѓал озлогласениот концентрационен логор Аушвиц во кој во моментот на ослободувањето престојувале околу 7.000 луѓе. Се верува дека во Аушвиц се убиени повеќе од една шестина од сите Евреи убиени во Европа, околу милион.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Концентрациониот логор Аушвиц-Биркенау е формиран во 1940 година со цел да биде затвор за политичките противници и затвореници, а кои потоа се користеле за тешка работа. Во логорите наскоро почнале да пристигнуваат Евреи и останатите непожелни граѓани на Третиот Рајх. Аушвиц брзо бил надграден во логорски комплекс.

Поделен е во три дела, од кои едниот бил Биркенау, логорот за истребување. Таму биле испраќани сите затвореници кои биле преслаби за работа. Биле испраќани во гасни комори каде биле убивани.

Најмногу луѓе во Аушвиц сепак починале од болест. Затворениците работеле на изработка на оружје за нацистичка Германија, а добивале многу малку храна и облека, и сонот им бил ускратен. Кога Германците сфатиле дека се приближува советската армија, тие со повеќето логораши тргнале на маршеви на смртта на кои многумина починале од глад или исцрпеност.

Аушвиц-Биркенау е еден од најозлогласените концентрациони логори од Втората светска војна. 27 јануари, денот кога Аушвиц е ослободен од Црвената армија, денес е Меѓународен ден на сеќавање на жртвите на холокаустот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ