Форд минатата година ја заврши со минус кога станува збор за продажбата на автомобили, покажуваат податоците објавени од АЦЕА (Европското здружение на произведувачи на автомобили).
Според овие податоци, компанијата Форд во Европа продала 426.307 возила, што е 87.174 помалку отколку во 2023 година. Претворено во проценти, тоа претставува минус од дури 17 отсто.
Уделот на Форд на пазарот така паднал од 4,4 отсто на само 3,3 отсто, па од него се подобри дури и Киа и Хјундаи, а и Дачија. На првото место и понатаму е Фолксваген, со 10,6 отсто удел на европскиот пазар.
Причините за ова веројатно треба да се бараат во одделни нелогични деловни постапки кои Форд ги правеше во текот на минатата година. Така, на пример, го повлече од пазарот моделот мондео, а во понудата повеќе ја нема ни фиестата.
Оваа година Форд ќе го пензионира фокусот, што значи дека купувачите можат да бираат само меѓу кросовер и комерцијални возила.
Целта на Форд не е јасна, но фокус е многу популарен и ќе биде интересно дали ќе успее да го надомести повлекувањето на овој модел. Тука на компанијата би требало да ѝ помогнат два нови електрични модели – капри и експлорер.