недела, 16 февруари 2025

Се урна потпорен ѕид во велешка населба, општината апелира на внимателно движење по улиците

Поради паднат потпорен ѕид Општина Велес апелира граѓаните внимателно да се движат по улицата Даме Груев во стариот стрмен дел од градот.

Објавено на

часот

Сподели

„На улица Даме Груев над куќен број 3 (наспроти куќен број 8) во стариот стрмен  дел на Велес под месноста Којник се урна стар потпорен камен ѕид кој го потпираше трупот на улицата Даме Груев. До самиот ѕид, на работ на улицата има поставено дрвена бандера на која има инсталации. До преземање на потребните активности за поставување на соодветна сигнализација и до преземање на градежни активности за санирање на појавениот проблем, ги замолуваме граѓаните кои транзитираат на споменатата улица да возат внимателно и доколку се во можност  да ја избегнуваат за движење и сообраќање“, соопштија од Општина Велес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ