сабота, 15 февруари 2025

Работата на директорот на АНБ, Христовски треба да се вреднува, вели премиерот

Неспорен факт е дека Бојан Христовски во моментот е носител на сертификат за безбедност кој што е од највисок вид. Не само кај нас како држава, туку и во рамките на НАТО. Тој сертификат го поседуваат 36 луѓе, меѓу кој сум и јас, 12 вработени во ДБК и луѓето кои што работат во НАТО мисијата во Брисел. Тој сертификат го поседува Бојан Христовски“, одговори премиерот Христијан Мицкоски во гостување на МТВ, прашан за кадровските решенија со акцент на именувањето на Бојан Христовски за директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и дополни дека овој сертификат се издава под строгите правила и мониторинг на НАТО алијансата.

Објавено на

часот

Сподели

„Не може вработени во НАТО периметарот, кој што го поседуваат овој сертификат издаден од истата институција да не се мониторирани од самата НАТО структура. Апсолутно, со сето ова сите оние тези во јавноста дека тој не исполнува услови за безбедносен сертификат или не знам што, паѓаат во вода“, заклучи Мицкоски.

Тој уште кажа дека во изминатите неколку месеци откако е именуван покажал вонредни резултати.

„Само во изминатите неколку недели откако е именуван, односно неколку месеци таму каде што е, покажа вонредни резултати заедно со нашите стратешки партнери во разбивање на три многу сериозни терористички ќелии во државата. Прашањето е зошто во минатото не биле сузбиени“, рече Мицкоски и посочи дека како премиер може да суди врз основа на квалитетот на извршување на работните задачи за кои може да се рече дека се вонсериски во овој момент.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ