Шајнбаум објави дека Мексико примило повеќе од 4 илјади депортирани и дека „големо мнозинство“ од нив се Мексиканци. Во таа бројка се вклучени и луѓето испратени од Соединетите Американски Држави на четири лета, пренесува Ројтерс.
Од враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа сепак немало „значителен раст“ на депортирањето од САД во Мексико, кажа Шајнбаум.
Мексиканската претседателка претходно кажа дека нејзината левичарска влада се противи на враќањето на програмата „Остани во Мексико“ на владата на Трамп под која мигранти од немексиканско потекло се враќаат во Мексико додека чекаат да почне процесот на разгледување на нивните барања за влез во САД.