четврток, 28 ноември 2024

Сомалија: Најмалку 32 лица загинаа во напад на популарна плажа во Могадишу

Најмалку 32 лица загинаа, околу 63 се повредени во нападот на плажа во Могадишу, главниот град на Сомалија, изјави портпаролот на полицијата Абдифатах Адан Хасан. Тој додаде дека дел од повредените се во критична состојба, пишува Би-би-си.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Одговорноста за нападот ја презеде терористичката група Ал Шабаб, поврзана со Ал Каеда, пренесува Асошиејтед прес.

Докторот Абдикадир Абдирахман изјави за Ројтерс дека службите за итни случаи регистрирале осум мртви и 28 повредени, но тој број „сигурно ќе се зголеми“ бидејќи и други луѓе ги превезувале жртвите.

Според изјавите на очевидците и локалните власти, се слушнала експлозија и истрели, а очевидецот Моамуд Моалим за Асошиејтед прес изјавил дека го видел напаѓачот опкружен со експлозив неколку моменти пред да се разнесе во близина на хотелот, на популарната плажа Лидо.

Сомалиската новинска агенција објави дека безбедносните сили ги „неутрализирале напаѓачите“.

Плажата Лидо беше цел на терористите на Ал Шабаб и порано. Минатата година девет лица беа убиени во нивниот напад на тоа популарно место меѓу населението во Могадишу.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ