петок, 18 октомври 2024

Снимена тешка автобуска несреќа во Турција. Двајца загинати, 8 повредени (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово во Турција.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Во верижниот судир учествувале два автобуси и камион. Несреќата се случила околу 7 часот и 56 минути на автопат во источна Турција, недалеку од градот Карс.

На местото на настанот се испратени голем број екипи на брза помош, полиција и екипи за пребарување и спасување.

Гувернерот на Карс Зија Полат изјави дека, според првичните информации, загинале две лица, а осум лица се повредени. Се наведува дека починале две постари лица. Повредените се пренесени во болница во Саикамис.

Несреќата се случила поради снег и мраз на коловозот.

Снимен е моментот на несреќата во која еден автобус удри во друг.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ