Жителите на северната кинеска провинција Хеилонгџијанг биле предупредени да останат дома, откако двајца мажи биле нападнати од сибирски тигар рано наутро во понеделникот.
Прогласена е вонредна состојба додека властите го ловеле избеганото животно со инфрацрвени камери и дронови, објави Сикт Тоне.
Surveillance video shows the moment a wild Siberian tiger rammed into a large iron gate, sending a farmer running for his life in northern China.
Authorities warned locals to be on alert after the incident, with video of the farmer’s narrow escape going viral on social media. pic.twitter.com/Wmun3bHg5Y
— ABC News (@ABC) November 20, 2024
На видеото се гледа моментот кога сибирскиот тигар удрил во капијата на фармата, неколку моменти откако селанецот ја затворил.
Веб-страницата Чајна дејли објави дека уште еден селанец добил скршеница на зглобот во друга средба со животното.