петок, 6 декември 2024

Пешевска бара јавно извинување од Левица за пцостите од Апасиев во Собранието

На недоличните зборови упатени кон жени, сестри, мајки не им е местото во Собрание, порача денес Жаклина Пешевска, пратеник и претседателка на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ. Нејзината реакција следи по вчерашното недолично однесување на пратеникот на Левица, Димитар Апасиев за кое Пешевска рече дека некултурно и девијантно однесување не смее да се толерира на ниедно место, а најмалку во законодавниот дом.

Објавено на

часот

Сподели

„Собранието е место кадешто демократски се дебатира, а не е место за удирање со чевли по говорница или пак за упатување недолични зборови кон жените. Барам јавно извинување од колегите од Левица за вчерашното однесување и за зборовите изустени и упатени кон нечија мајка, сопруга, ќерка, девојка. Колеги од Левица, и вие сте нечии синови, сопрузи, татковци, момчиња., внимавајте што ви излегува од уста. Тоа најмногу говори за вас“, вели Пешевска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ