Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со претседателот на Европската Атлетска Асоцијација, Добромир Карамаринов и со претседателката на Атлетската федерација на Македонија, Александра Војнеска-Зикова, денеска присуствуваше на прес конференцијата по повод Конвенцијата на Европската Атлетска Асоцијација која за прв пат ќе се одржи во Скопје, од 24 до 27 октомври.
„Организацијата на оваа манифестација претставува големо признание за Македонија и значи голема промоција на македонската атлетика. Спортската дипломатија игра клучна улога во зајакнувањето на меѓународните врски и соработката, не само во спортот, туку и пошироко“, изјави меѓу другото Александра Војнеска-Зикова, претседателката на Атлетската федерација на Македонија (АФМ).
Во склоп на овој голем атлетски настан на кој ќе присуствуваат повеќе од 300 истакнати личности, претставници на 51 федерација од цела Европа, ќе биде и престижната манифестација „Златни патеки Скопје 2024” – избор на најдобарите во атлетскиот спорт во Европа.
„Спортската дипломатија игра клучна улога во зајакнувањето на меѓународните врски и соработката, не само во спортот, туку и пошироко. Оваа Конвенција и присуството на почитуваните гости од светската и од ЕАА ни овозможува долгогодишна соработка и презентирање на нашата земја во овој спорт за што сум особено горд“, рече меѓу другото Ристовски.