Синер двапати падна на допинг тест, двапати беше позитивен на забранетата супстанца клостебол, но вината ја префрли на неговите физиотерапевти. Наводно еден од нив користел спреј поради здравствени причини кој содржел и клостебол, па прскајќи се во истата соблекувална во која бил и Синер, супстанцата ја примил и Италијанецот, таа била во многу мали количини.
Ваквата жалба му помина на Синер, па Судот за спортска арбитража во Лозана пресуди во негова полза и не му беше изречена суспензија. Сега откако и Светската антидопинг агенција (ВАДА) реши да не поднесе жалба на одлуката на судот, Синер и дефинитивно нема да добие суспензија.
Изминатиот викенд Синер триумфираше на УС Опен, ја освои неговата прва титула на овој турнир, а втор грен-слем трофеј вкупно во кариерата.