. Таа повтори дека во потрага по вин-вин ситуација од наша страна „велиме дека еве ќе го сториме и тој чекор, но со одложено правно дејство“ и нагласи дека ако се дозволи ветото да опстои, дури и најуспешните во чекорењето пред крајот можат да се соочат со него.
„ Обично ретко давам коментари на коментари и особено не надвор. Паметам кога г. Хелмут Кол рече за домашни прашања одговарам дома, но ќе ви одговорам. Искрено имам забелешка на дикцијата на новата еврокомесарка, бидејќи кога рече – велите: „ништо помалку и ништо повеќе“, тоа ми личи како на, како на нешто што е познато „земи го или остави го“. Тоа не е филозофија. Тоа мене ми личи на софистицирано евромандаринство! Тоа мене ме плаши од дикција која значи директно мешање во внатрешните работи“, истакна македонската претседателка, одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со нејзиниот црнороски колега, Јаков Милатовиќ.
Сиљановска-Давкова истакна дека една од одредбите во Договорот за ЕУ е почитување на уставните и на политичките структури.
„Би разбрала дикција дека ‘препорачуваме’ или ‘укажуваме“ итн. Меѓутоа да речете мора тоа да го сторите, тоа значи дека имате пристап од страна на ЕУ, што јас го нарекувам бирократски. ЕУ не е бирократска машинерија, повеќе е од тоа. Така вели г. Макрон, дека е филозофија заснована на принципи и вредности. Значи еве и јас малку да бидам прагматична, зашто велам дека имам забелешка, од истата причина заради која јас сум овде по 50 години заедно. Јас очекувам и на оние кои веќе се во ЕУ, а до вчера биле со нас – со умереност и респект да се однесуваат кон сите. Значи, тоа е првото“, рече претседателката.
Како второ таа додаде дека земјава отсекогаш била кооперативна на патот кон ЕУ и правела компромиси на сопствена штета.
„ Прво, во Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија, оти нели секој ден слушам ‘пакта сунт серванда’, нема ниту еден збор за уставни измени. Тие се споменати во протоколот број 2, во членот 3 или сега во преговарачката рамка. И во заклучоците веќе не се употребува изразот ‘протокол’, се употребува изразот “записник’. Тврдам дека протокол не може да биде извор на уставно право, ниту на право. Исто така и записниците, но еве во потрагата по вин-вин, ние велиме дека еве ќе го сториме и тој чекор, но реков со одложено правно дејство. Причината да ги градиме мировните односи со нашиот сосед, бидејќи во преамбулата на Договорот пишува дека Бугарија ќе ја поддржува и ќе ја поттикнува Македонија на патот кон ЕУ. Еве, да дадеме шанси на ова. зашто тврдам – ако дозволиме ветото да опстои. дури и најуспешните во чекорењето, пред крајот можат да се соочат со вето. Тоа навистина ја обезвреднува филозофијата на евроинтеграцијата. Да повторам, ако госпоѓата во говорот требаше да собере гласови, па со слична дикција го кажа ова, тогаш кога веќе е избрана – мислам дека е добро да се сети на регионот и да ги мери зборовите, да се однесува поинаку од другите членки на ЕУ, бидејќи подобро ги знае работите од нив“, нагласи Сиљановска – Давкова.
Новата еврокомесарка за проширување Марта Кос вчера во изјава за медиуми веднаш по одобрувањето на новиот состав на Европската комисија рече дека очекува Македонија да го промени Уставот, бидејќи, како што истакна, „тоа е нешто на коешто смета Европската Унија“, јави специјалниот известувач на МИА од Стразбур.
„Тоа е нешто на коешто сметаме. Ништо помалку, ништо повеќе. Верувам дека тоа е можно, и после тоа навистина да го забрзаме процесот“, нагласи Кос.
На прашањето дали после тоа може да се дадaт гаранции дека нема да има други блокади, Кос рече дека таа не е онаа којашто може да даде одговор на тоа прашање.
Во однос на тоа како може да се реши проблемот со Бугарија, Кос рече дека треба да се разговара што е можно повеќе.
„ Да се зборува, што е можно повеќе, и со Македонија и со Бугарија. Мора да покажеме дека тоа е во наши раце, како да го решиме овој билатерален пролем. Без ова, а следејќи ги европските вредности, нема да можеме да го направиме она што е најдобро за ЕУ, и секако што е најдобро за Македонија“, рече Кос.