Шампионот Струга киксираше на домашен терен, прими од Силекс дури четири голови и доживеа убедлив пораз.
Еден час немаше погодоци, Алиќ во 61. минута го отвори мечот за водство на Силекс од 1-0, Радиќ во 75. минута го изедначи резултатот.
Осум минути подоцна Маронг го врати водството на Силекс, а во 85. минута Игнатов реализираше за предност на кратовскиот тим од 3-1, Ѓорѓиевски во судиското продолжение ги постави конечните 4-1.
Вардар нанижа уште еден пораз, овојпат на гостувањето кај Беса со 2-1.
Домаќините го отворија мечот уште во 10. минута со гол на Есати, Вардар долго време се мачеше да дојде до изедначување, тоа конечно се случи во 73. минута кога по еден кикс на Захов, Омерагиќ реализираше за 1-1.
Но, радоста на црвено-црните траеше многу кратко, само четири минути подоцна Фетаи даде гол за победа на Беса од 2-1.
Работнички со гол на Мазари во 15. минута го победи Гостивар со 1-0 и ја зголеми предноста на врвот.
Шкупи одигра 0-0 на гостувањето кај Пелистер, а немаше голови ниту на дуелот меѓу Тиквеш и Шкендија.
Брера на свој терен одигра само 1-1 против Воска.
Резултати 10. коло:
Струга – Силекс 1-4
Беса – Вардар 2-1
Работнички – Гостивар 1-0
Пелистер – Шкупи 0-0
Тиквеш – Шкендија 0-0
Брера – Воска 1-1
Табела: Работнички 22, Шкендија 19, Силекс 17, Гостивар 17, Струга 15, Шкупи 13, Беса 12, Брера 12, Пелистер 11, Тиквеш 8, Вардар 7, Воска 6.