сабота, 2 ноември 2024

Си-ен-ен: Маск го уби Твитер

Објавено на

часот

Сподели

„Еден зомби Твитер, познат само како X, неволно останува. Изобличена и унаказена платформа, X продолжува да маршира како Бел одач (хуманоидно суштество од телевизиската серија „Игра на престолите“ на ХБО и романите на Џорџ Р.Р. Мартин), грд остаток од некогашната платформа под командата на еден одвратен водач.

Додека Твитер некогаш беше фонтана на веродостојни информации, X е платформа каде што троловите можат да платат мал надомест за нивната грда содржина да биде претставена пред реномираните извори.

X е платформа каде што повеќе нема проверка на идентитетот, а за лажно претставување само треба да се плати претплата.

Х е платформа каде што новинарите се забранети и плукани, додека најгнасните и најнечесни гласови се истакнати.

X е платформа каде што правилата се нејасни, а уредувањето на содржините главно е идеја од минатото.

X е платформа каде што најважните и долгорочни одлуки се носат каприциозно и може да се случат без никакво предупредување.

X е платформа и каде што виталната инфраструктура се распаѓа и најосновните функции честопати не функционираат.

X можеби изгледа како Твитер. Можеби ја има истата адреса на интернет што порано ја имаше Твитер. Но не лажете се, тоа не е истата платформа што беше некогаш – до пред само девет месеци, кога ја презеде Маск, брзо обезглавувајќи го поранешното раководство и втурнувајќи ја компанијата во хаос и превирања.

Таа платформа престана да постои. Таа најверојатно умрела пред извесно време, пред тоа да ѝ биде соопштено на јавноста преку ненадејно и хаотично ребрендирање.

На повеќе начини, Маск му го направи на Твитер она што Доналд Трамп ѝ го направи на Републиканската партија – целосно ја преобрати во сопствениот имиџ. Со Маск на деформираниот ентитет барем му е дадено поинакво име, кое ѝ овозможува на јавноста да го разликува Твитер од она во што го претвори Маск.

X, се разбира, ќе ги наследи сите деловни проблеми на Твитер. Маск е тој што се покажа токсичен за огласувачите и за голем дел од базата на корисници, а не славното лого со птицата. Не се знае каде милијардерот на крај ќе го одведе тој брод, особено затоа што се соочува со нова конкуренција во форма на Марк Закерберг и Тредс.

Засега, сепак, има мала надеж дека Маск ќе може успешно да го изнесе бродот од водите преполни со санти мраз. На крајот на краиштата, тој е капетанот што го втурна бродот во нив, манијакално смеејќи се на кормилото заедно со својот внатрешен круг.“

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ