петок, 18 октомври 2024

Си Џинпинг: Одржувањето блиски врски со Русија е стратешки избор (ВИДЕО)

Кинескиот претседател Си Џинпинг рече дека одржувањето блиски врски со Русија е „стратешки избор“ и повика на уште подлабока билатерална соработка за време на средбата со рускиот премиер Михаил Мишустин во Пекинг.

Објавено на

часот

Сподели

„Развојот на односите меѓу Кина и Русија е стратешки избор направен од двете страни, врз основа на фундаменталните интереси на нашите два народа“, рече Си, според ЦЦТВ.

Двете земји треба „постојано да ги зајакнуваат позитивните ефекти од своите политички врски на високо ниво“ и „да ја продлабочат соработката на полето на економијата, трговијата, енергијата, поврзувањето и другите сектори“, додаде Си.

Мишустин оцени дека односите меѓу Пекинг и Москва „никогаш не биле толку добри“.

Рускиот премиер е во посета на Кина два месеци откако рускиот претседател Владимир Путин се сретна со Си Џинпинг во Пекинг.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ