четврток, 28 ноември 2024

Шукова: Ќе ја разгледаме можноста за повторно вклучување на хидросистемот „Ѓавато“

Објавено на

часот

Сподели

Според Шукова, било нелогично што пред повеќе години управувањето со системот е дадено на управување на министерството, кое дотогаш функционирало на база на јавно претпријатие и тоа било голема грешка.

„Во принцип министерството не треба да управува со хидросистем. Пред неколку години владата донесе одлука за повторно формирање на јавно претпријатие, но заради кризите кои не зафатија, овој процес остана на „стенд бај“, бидејќи со високите цени на струјата едно јавно претпријатие нема да може само да управува и тогаш ја избравме најнепопуларната мерка да го затвориме системот“, рече минисетерката Шукова.

Таа смета дека се работи за еден извонреден систем кој може на Богданци и Дојран да му овозможи вода за пиење и наводнување. Како што рече, мора да се почека да се стабилизираат цените на електричната енергија, но никогаш не е мртва идејата дека ќе се напушти тој хидросиситем од кој се полнеше со вода Дојранското Езеро и се користеше за наводнување.

Инаку, градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, пред неколку денови побара во летниот период да проработи Хидросистемот „Ѓавато“, иако Дојранското Езеро нема проблем со нивото на водата, кое на некои места ја надминува нулта котата, но во летниот период доаѓа до големо затоплување на водата и испарување, па дотекот на свежа вода е корисен за растителниот и животинскиот свет во Езерото.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ