Интер освои многу важни три бода во битката за местата кои водат во Лигата на шампионите, тимот на Инзаги славеше кај Емполи.
Резултатот беше отворен по три минути игра во второто полувреме, тогаш Лукаку го постигна својот прв гол намечот за водство од 1-0.
Во 76. минута белгискиот напаѓач постигна уште еден гол за 2-0, а десетина минути подоцна му асистираше на Лаутаро Мартинез кој ги постави конечните 3-0.