среда, 27 ноември 2024

Шолц го повика Израел да се договори за ослободување на заложниците и примирје

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска го повика израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да склучи договор за прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување на заложниците што ги држи Хамас што е можно поскоро, објави портпаролот на германската влада.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Завршувањето на војната во Газа ќе биде одлучувачки чекор кон регионална деескалација“, рече портпаролот, пренесува Ројтерс.

Во телефонски разговор со Нетанјаху, Шолц изјави дека воените цели во борбата против Хамас се постигнати и дека човечките страдања и цивилните жртви во Појасот Газа се огромни.

Портпаролот на владата, Бинер додаде дека во разговорот Шолц изразил загриженост за опасноста од регионална војна на Блискиот Исток и јасно ставил до знаење дека германската влада остро ги осудува заканите од Иран, Хезболах во Либан и други против безбедноста на Израел и неговите граѓани.

Загриженоста за поширок конфликт на Блискиот исток се зголеми откако лидерот на Хамас Исмаил Ханија беше убиен во Иран, во напад за кој се сомнева дека го извршил Израел.

Израелската армија денеска издаде нови предупредувања за евакуација на Палестинците од областа Кан Јунис на југот на Појасот Газа, додавајќи дека има намера да дејствува против Хамас во населбата Ал Џала поради големиот број напади врз Израел од тоа соседството и дека поради ова, престојот во таа област стана опасен за палестинските цивили.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ