вторник, 26 ноември 2024

Шлаканица за Зеленски од Шолц: Украина нема да може да започне контраофанзива

Германија нема намера да испрати уште тешка воена опрема во Украина, освен она што е веќе објавено, пренесува германски Билд, повикувајќи се на документи на Министерството за одбрана.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Тоа значи дека по испраќањето на 18 тенкови леопард 2, нема да има повеќе испораки, иако Бундесверот има околу 300 такви тенкови, објави украинскиот медиум Униан.

Истите планови важат и за други видови опрема како што се пешадиски борбени возила, оклопни транспортери и хаубици.

„Германското министерство за одбрана не верува дека Украина во блиска иднина ќе може да започне контраофанзива за да ги ослободи своите територии“, додава германскиот весник.

За време на неговата европска турнеја, Зеленски го претстави „Планот за победа“ и две главни барања, вклучително и оние упатени до германскиот канцелар Олаф Шолц.

Првото барање се однесува на дозвола за употреба на западно оружје против стратешки цели во Русија, за што на Украина и треба повеќе испораки на оружје со долг дострел, како што се системите „сторм шедоу“ од Велика Британија, францускиот „скалп ЕГ“ и германскиот „Таурус“. Второто барање се однесува на забрзување на процедурата за прием во НАТО, пренесува Униан.

Овие барања не беа прифатени со ентузијазам во Берлин, Шолц јасно не ги отфрли, но ниту тој не даде позитивен одговор, пренесува Униан според натписот на Билд.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ