петок, 18 октомври 2024
МПФЛ

Шкупи ги губи шансите за одбрана на титулата, одигра само реми во Кавадарци

Објавено на

часот

Сподели

Шкупи им приреди уште едно разочарување на своите навивачи откако одигра 0-0 на гостувањето кај Тиквеш со што ги загуби реалните шанси за одбрана на титулата. За неа останува да се борат Струга и Шкендија.

Скопје е блиску до бараж откако одигра 1-1 против Академија Пандев. Гостите водеа уште од втората минута со гол на Крстевски, израмни Омерагиќ во 64. минута.

Силекс со гол на Манасиевски во четвртата минута ја победи екипата на Македонија Ѓорче Петров со 1-0.

Минимална победа обезбеди и Работнички кој со гол на Маркоски во 31. минута славеше кај Победа во Прилеп.

Вчера Шкендија со гол на Цаке во 65. минута дојде до победа кај Брегалница.

Слободна ова коло беше екипата на Струга ТЛ.

Резултати 28. коло:
Тиквеш – Шкупи 0-0
Скопје – Академија Пандев 1-1
Победа – Работнички 0-1
Силекс – Македонија ЃП 1-0
Брегалница – Шкендија 0-1
Слободна: Струга ТЛ

ТАБЕЛА: Струга ТЛ 53, Шкендија 50, Шкупи 46, Силекс 43, Брегалница 37, Македонија ЃП 33, Тиквеш 31, Рабонички 31, А. Пандев 23, Скопје 19, Победа 13

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ