Телата биле откриени од персоналот во соба на петтиот кат на хотелот Гранд Хајат, откако гостите не се одјавиле од хотелот по повеќе од 24 часа, изјави полицискиот комесар на Бангкок, Тити Саенгсаванг, според Си-ен-ен.
Полицијата соопшти дека нема индиции за грабеж и дека на телата нема траги на физичко насилство, но дека во собата биле пронајдени чаши со траги од бел прав, заедно со недопрена храна која била нарачана претходно, па полицијата се сомнева и на труење.
Властите во моментов трагаат по седмото лице кое било еден од гостите на хотелот, сега е можен осомничен.
Познато е дека меѓу жртвите има и двајца американски државјани.
Американскиот Стејт департмент соопшти дека е запознаен со случајот и дека се истражува.
„Секогаш кога американски државјанин ќе умре во странска земја, локалните власти се одговорни за утврдување на причината за смртта. „Ние често соработуваме со локалните власти кога станува збор за смрт на американски граѓани, така што тоа ќе биде случај и сега“, изјави портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.