среда, 27 ноември 2024

Шефот на НАТО: Украинскиот упад во рускиот регион Курск е легитимен

Упадот на Украина во рускиот регион Курск е легитимен и покриен со правото на Киев на самоодбрана, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг за германскиот неделник Велт ам Зонтаг во својата прва реакција за упадот на руска територија.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Украина има право да се брани. Според меѓународното право, тоа право не застанува на границата“, изјави Столтенберг за весникот, додавајќи дека НАТО не бил однапред информиран за плановите на Украина и немал никаква улога во нив.

Шефот на НАТО рече дека Украина ризикува што напредува кон руска територија, но дека Киев треба да одлучи како ќе ја спроведе својата воена кампања.

„Украинскиот претседател Зеленски јасно стави до знаење дека операцијата има за цел да создаде тампон зона за да спречи понатамошни руски напади преку границата“, рече тој. „Како и сите воени операции, така и оваа има ризици. Но, Украина одлучува како да се брани“, додаде тој.

Русија ја нарече операцијата Курск „голема провокација“ и рече дека ќе возврати.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ