Натпреварот почна одлично за Рома, тимот на Жозе Мурињо го контролираше мечот, а во 35. минута со гол на Пауло Дибала поведе со 1-0.
По примениот гол Севиља нападна посериозно, Ракитиќ во финишот од првото полувреме погоди статива, Рома остана со предност на одморот.
Во вториот дел Севиља дополнително ја зголеми офанзивата, и во 55. минута по центаршут на Навас, Манчини си постигна автогол за израмнување на 1-1.
Така завршија 90. минути, па се отиде во продолженија. Најблиску до победа во продолженијата беше Рома, пред самиот крај Смолинг ја погоди пречката од голот на Боно.
Во пенал серијата Севиља даде четири голови, погодија Окампос, Ламела, Ракитиќ и Монтиел, а во составот на Рома промашија Манчини и Ибањез, погоди само Кристанте.
На крајот Севиља се радуваше на седмиот трофеј во Лига Европа, а Жозе Мурињо првпат почувствува како е да се загуби во едно европско финале.