среда, 27 ноември 2024

Северна Кореја повторно истрела артилериски ракети на границата со Јужна Кореја

Северна Кореја денеска истрела повеќе од 60 артилериски ракети во близина на спорната поморска граница со Јужна Кореја, соопшти јужнокорејската војска.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Северна Кореја веќе истрела повеќе од 200 артилериски ракети во истиот регион во петокот, додека тензиите меѓу двете држави продолжуваат да се зголемуваат.

Артилеријата била истрелана северозападно од островот Јеонпјеонг во периодот од 8 до 9 часот по средноевропско време, соопшти Здружениот генералштаб на Јужна Кореја (ЈЦС).

Здружениот генералштаб „итно ја повика“ Северна Кореја да ги прекине активностите кои го загрозуваат мирот на Корејскиот полуостров.

Артилериски гранати паднаа северно од северната гранична линија (НЛЛ), де факто поморската граница меѓу двете Кореи, објави новинската агенција Јонхап, цитирана од ЈЦС.

Јужнокорејската војска не планира да возврати како што направи во петокот, објави Јонхап.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ