петок, 18 октомври 2024
Големо изненадување на бокс мечот во Лондон

Сензационална победа на Жанг, му го нанесе првиот пораз на Џо Џојс! (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Борбата траеше шест рунди, тогаш судијата мораше да го прекине мечот и да го прогласи Жилеј Жанг за победник со технички нокаут.

Британецот Џои Џојс кој имаше перфектен учинок до овој меч, беше голем фаворит, но на рингот апсолутна доминација имаше Кинезот кој заслужено дојде до победата.

Овој пораз на Џојс значи дека испаѓа од листата на можни предизвикувачи за шампионскиот појас на Олександар Усик.

Следна цел на Жанг кој има дури 39 години е да го нападне појасот на Усик.

„Денешниот ден ми припадна мене и на секој мој обожавател. Имам 39 години, но многу сум дисциплиниран и напорно тренирам. А мојот следен чекор е да ја нападнам титулата“, изјави Жилеј Жанг.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ