По многу гласини изминатиов период, вечерва пристигна и официјална потврда – Муамед Сејдини предвреме се повлекува од функцијата претседател на Фудбалската федерација на Македонија.
Само неколку часа по победата над Фарските Острови и крајот на циклусот во Лигата на нации, беше одржана седница на Управниот одбор, на која Муамед Сејдини поднел оставка.
Одлучено е да се одржи Вонредно изборно Сорание на ФФМ на 22. декември, на кое и официјално ќе се констатира оставката на Муамед Сејдини, и ќе се избере нов претседател на Фудбалската федерација на Македонија.
„После седум извонредни години исполнети со историски достигнувања, решив да се повлечам од позицијата претседател на Фудбалската федерација на Македонија. Одлуката е резултат на моето размислување дека дојде момент за промена, после период што ќе остане запаметен како најуспешен во историјата на нашиот фудбал“, се вели во дел од изјавата на Муамед Сејдини.
Според шпекулациите кои кружат подолго време, Масер Омерагиќ е прв кандидат за нов претседател на ФФМ.