Осомничените беа обвинети за хулиганство извршено од страна на група лица со употреба на оружје и ѝм е одреден притвор до 14 септември. За ова дело е предвидена казна затвор до седум години.
Маргарита Симонјан истакна дека ова е втор обид за атентат што го доживеала во последната година.
„Во текот на оваа година се навикнав да живеам со чувство на зајак на поле, кого некој го брка со пиштол“, вели таа во коментар за РТ.
Таа додаде дека има работи полоши од смртта како срам, предавство и живеење со чувство дека сте направиле нешто непоправливо.
Федералната служба за безбедност соопшти денеска дека заедно со Министерството за внатрешни работи и Истражниот комитет спречиле обид за убиство на Маргарита Симонјан и Ксенија Собчак.
Беше прецизирано дека еден ден претходно во Москва и во регионот на Рјазан биле приведени членови на неонацистичката група Параграф-88, кои подготвувале обиди за атентат по наредба на Украинската служба за безбедност СБУ.
При претресот ѝм била одземена автоматска пушка калашников со чаури, гумени палки, ножеви, боксерки и лисици.