петок, 18 октомври 2024

Се продаваат мнозински удели на клиниката „Жан Митрев“

Објавено на

часот

Сподели

Балкан Алајанс Хелткер Б.В.“ од Амстердам има намера да стапи во стратешко партнерство со клиничката болница „Жан Митрев“ преку стекнување контрола со купување мнозински удел, согласно одредбите од Законот за установите и Законот за здравствената заштита.

Комисијата утврди дека предметната концентрација може да потпадне под одредбите на Законот за заштита на конкуренцијата. Сепак конечната одлука по ова прашање е резервирана. Комисијата ги повикува заинтересираните трети страни да достават забелешки и мислења за оваа концентрација до Комисијата. Забелешките и мислењата на заинтересираните трети страни можат да се испратат во рок од 10 дена од денот на објавување на ова известување“, кое е објавено на 15 јуни.

Холандскиот инвеститор е финансиска холдинг-компанија што врши инвестиции во претпријатија што вршат дејности поврзани со давање здравствени услуги.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ