ЦУК исто така информира оти имало вкупно 1 552 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие. Од нив „реални“ повици биле 62,37%, а 37,63% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.
Имало 593 повици за итни случаи на 112 што се решавале преку ЦУК, координирано со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).