петок, 13 декември 2024

Со крајслер шверцувал мигранти, полицијата ги фати на бегање

Вчера во 05.20 часот на автопатот Гевгелија– Скопје, кај место викано „Милци“, гевгелиско, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица го лишиле од слобода 35-годишниот А.Б. од село Арачиново, скопско.

Објавено на

часот

Сподели

Полициски службеници забележале како во возилото крајслер со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, влегуваат група мигранти. Возилото било сопрено и во негова близина биле пронајдени девет лица мигранти од Иран, кои претходно излегле од возилото.

Мигрантите билe пренесени во прифатно– транзитен центар во Гевгелија, а А.Б. бил задржан во Полициската станица Гевгелија и против него е поднесена кривична пријава по член 418 – б криумчарење мигранти од Кривичниот законик.

Судија на претходна постапка на А.Б. му определи мерка притвор во траење од 30 дена, по што бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ