вторник, 3 декември 2024

Бајден им праќа противпешадиски мини на Украинците, целта е да се запре рускиот пробив

Претседателот Џо Бајден го одобри снабдувањето на Украина со противпешадиски мини, изјави американски официјален претставник за Ројтерс, потег што може да помогне да се забави напредувањето на Русија на нејзиниот исток, особено кога се користи заедно со друга муниција од Соединетите Држави.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Соединетите Држави очекуваат Украина да ги користи мини на својата територија, иако вети дека нема да ги користи во областите населени со сопствени цивили, рече претставникот. Вашингтон пост прв објави за развојот на ситуацијата.

Соединетите Држави ја снабдуваа Украина со противтенковски мини во текот на војната со Русија, но додавањето на противпешадиски мини има за цел да го забави напредувањето на руските копнени трупи, додал официјалниот претставник, кој сакал да остане анонимен. Американските мини се разликуваат од руските бидејќи се „непостојани“ и стануваат инертни по однапред одреден период, додал функционерот.

За детонација им е потребна батерија и нема да експлодираат откако батеријата ќе се испразни.

Вчера Украина употреби американски ракети АТАКМС за напад на руска територија, искористувајќи го новото овластување од администрацијата на Бајден во заминување до 1.000-тиот ден од војната.

Москва рече дека употребата на АТАКМС, ракетата со најдолг дострел што Вашингтон досега ѝ ја доставил на Украина, е јасен сигнал дека Западот сака да го ескалира конфликтот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ