среда, 4 декември 2024

САД го прогласија лидерот на венецуелската опозиција за избран претседател

Соединетите Американски Држави го прогласија лидерот на венецуелската опозиција Едмундо Гонзалес за избран претседател, по изборите во јули на кои победи претседателот Николас Мадуро со обвинувања за изборна измама.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Шефот на американската дипломатија во заминување Ентони Блинкен на платформата Икс порача дека народот на Венецуела „одговорно избрал“ во јули и дека Гонзалес е новоизбран претседател.

„Демократијата бара почитување на волјата на гласачите“, напиша Бајден.

Веднаш по изборите, САД и неколку земји од Јужна Америка објавија дека го признаваат Гонзалес за победник на изборите, а Европската Унија побара проверка на официјалниот резултат.

Гозалес во септември избега во Шпанија и побара политички азил, бидејќи претходно во Венецуела беше издаден налог за негово апсење со обвиненија за саботажа, заговор и узурпација на функцијата.

По изборите на 28 јули изборните власти го прогласија Мадуро, кој е веќе 11 години на власт, за победник, но неги објавија деталните резултати.

Мадуро треба да го почне својот шести мандат во јануари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ