среда, 27 ноември 2024

СДСМ доби четворица нови потпретседатели и нов генерален секретар

Каја Шукова, поранешната министерка за животна средина, Ана Чупеска, професорката од Правниот факултет во Скопје, Методија Илиевски, член на Советот на општина Битола и Кристина Костова, член во Централниот одбор во СДСМ се избрани за нови потпретседатели на СДСМ. Денеска се одржа првата седница на новиор Централен одбор на СДСМ.

Објавено на

часот

Сподели

За генерален секретар на партијата е избран Александар Димитријевиќ од општинската организација на СДСМ во Гази Баба. За организациски секретари се избрани Љупчо Пармаковски од општинската организација на СДСМ во Центар и Мартин Костовски, пратеник во Собранието.

„Состанокот помина во одлична атмосфера со многу енергија и ентузијазам кај новите членови на Централниот одбор. Се избра новото партиско раководство, членовите на Извршниот одбор. Во партијата вечерва избравме луѓе кои имаат нови сили, личен интегритет, многу знаење, искуство во своите области на делување коишто верувам дека со сета сила и знаење ќе се вложат во периодот што следи“, изјави Венко Филипче, претседателот на СДСМ.

Тој нагласи дека веќе имаат план за работа кој со многу силна енергија ќе почне уште од утре.

„Направен е план за посета сите општински организации и за комуникацијата со луѓето и начинот на којшто ќе допреме до членовите, симпатизерите, до оние кои од некакви причини не гласаа, се налутија, останаа дома, гласаа за друг политички субјект. Спремни сме да ги слушнеме сите нивни предлози и во еден широк инклузивен процес да ги вклучиме сите наши членови, симпатизери во процесот на креирање на политики“, порача Филипче.

Во новиот Извршен одбор на партијата, како што посочи, има претставници на повеќе општински организции.

„Водевме сметка да има добра регионална застапеност за да имаме информации од сите или повеќето општини ширум државата“, рече Филипче.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ