понеделник, 21 октомври 2024

СДСМ: Антикорупциска да отвори предмет за парцелите во Лисиче

Објавено на

часот

Сподели

„Иако од тогаш поминаа, десеттина денови, Муцунски ги игнорира интересите на граѓаните и наместо да ги избрише спорните маркички, тој го турка деталниот урбанистички план (ДУП) кој е против интересите на граѓаните. За овој случај треба да се произнесе и Државната комисија за спречување на корупција, затоа што постојат информации дека одредени градежни компании купиле нива од 1.000 метри квадратни на локација каде со новиот ДУП се предвидува највисоката зграда. Пред изборите Муцунски на граѓаните им ветуваше зеленило и паркови, а сега им нуди бетонизација и парцели за висококатници, во реон со куќи и зеленило. И Муцунски и другите градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ не сработија ништо во изминатиот период, но затоа дејствуваат спротивно од интересите на граѓаните“, велат од СДСМ.
 
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ