петок, 8 ноември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС нема кој да го честита Денот на македонската револуционерна борба

Изразуваме длабоко разочарување од односот на СДС кои не најдоа елементарна државничка сила да испратат честитка до граѓаните по повод Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври. Овој потег на СДС покажува целосно непочитување кон историските вредности и борбата на македонскиот народ за слобода и независност, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

часот

Сподели

„Каде е СДС да го честита празникот, или можеби и натаму Венко Филипче размислува како претходниот Зоран Заев дека Бугарите биле администратори, а дека македонскиот јазик не постои? Дали навистина СДС сметаат дека македонската држава се создала без никаква борба и жртва, како што тврдат во Бугарија и како што кажа Заев.

За разлика од СДС, ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на одржувањето на овие свети идеали и на чувањето на македонскиот идентитет и национално достоинство.

Ги повикуваме граѓаните да се обединат околу вредностите кои нè поврзуваат и да продолжат да ја слават борбата за слободна и суверена Македонија, бидејќи револуционерниот дух е жив и борбата за нашата татковина продолжува“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ