вторник, 26 ноември 2024
Квалификации за ЕП 2024

Саутгејт: Англија ја нема победено Македонија на домашен терен

Објавено на

часот

Сподели

Иако Англија е апсолутен фаворит на мечот и со малтежаните и со нас, Саутгејт држеше предавање на „Лаусунд скул“, каде 11 студенти глумеа новинари на прес-конференција со Саутгејт и го прашуваа за сѐ во националната репрезентација. Нормално, неодминливо беше прашањето за „лесната задача“ во јуни, ама англискиот селектор им посочи дека не смее да има никакво самозадоволство после двете стартни победи, особено не пред мечот со Македонија.

„Целта на Англија е да биде европски првак на следното Еуро 2024 во Германија и ако сакаме такво нешто треба да продолжиме со победите. Но, ништо лесно не нѐ чека, особено не со Македонија. Верувале или не, ама Англија на домашен терен ја нема победено Македонија во историја. А, Македонија плус ја елиминираше Италија од баражите за СП во Катар. Така да нема простор ни за потценување, ни за самозадоволство, ни за размислување дека имаме лесна задача идниот месец. Ако сакаме да сме европски прваци, тогаш мора да сме сигурни дека го имаме вистинскиот менталитет, дека постојано сме на највисоко ниво и така мора да се однесуваме и да играме“, рече Саутгејт.

Проблемот кој пред двата евроквалификациски мечеви ќе биде фактот дека сезоната ќе заври, а најголем дел од фудбалерите ќе бидат излезени од натпреварувачка форма, но Саутгејт потенцира дека сите мора да се максимално посветени, зашто овие кампови и мечеви се и подготовка за главното догодина.

„Ние сме среде циклус, добро почнавме, но ќе мора да се потрудиме да ја искористиме максимално предноста која ја создадовме. Сите разговори дека сакаме да сме европски прваци, значи дека мора да сме максимално посветени и приземјени, а најмногу дека мора да го демонстрираме нашиот квалитет. Затоа, секојпат кога ќе сме заедно, а ќе имаме уште четири-пет кампови, сите ќе мора максимално да дадат сѐ од себе и на таа доизградба на тимот постојано (ќе) работиме. Тимот изгледа млад, кој допрва може да расте, но мораме да еволуираме нанапред и сите што ќе доаѓаат со националниот тим мора да се стават максимално во фокус на тимот. Ние секогаш на секој што заслужил ќе му дадеме шанса, ама таа шанса ќе мора секој и да ја заслужи. Досега овој тим покажа извонреден напредок“, додаде Саутгејт.

Македонија ѝ гостува на Англија на „Олд Трафорд“ на 19 јуни, а три дена претходно Англија ќе се соочи со Малта, додека црвено-жолтите ќе ја пречекаат Украина во Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ