Арапските, муслиманските земји и европските партнери се во алијансата, пренесе саудиската новинска агенција, без да прецизира кои земји конкретно. Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, на социјалната мрежа Икс напиша дека првите средби ќе се одржат во Ријад и Брисел.
„Имплементацијата на решение за две држави е најдоброто решение за ставање крај на насилството и страдањето и за нова реалност во која целиот регион, вклучително и Израел, уживаат безбедност и соживот“, изјави Бин Фархан, соопшти агенцијата.
Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман минатата недела изјави дека кралството нема да го признае Израел без палестинска држава и остро ги осуди „злосторствата на израелската окупација“ врз палестинскиот народ.